Почетна / МК Сцена / Видео | Вака звучеше Каролина на концертот на Дуке Бојаџиев во Њујорк

Видео | Вака звучеше Каролина на концертот на Дуке Бојаџиев во Њујорк

 

“Зборови немам” ја освои публиката и во Њујорк

 

Камерниот оркестар на македонската Филхармонија заедно со Дуке Бојаџиев за прв пат настапија во Њујорк во престижниот Карнеги хол кој има 125 традиција и во кој настапуваат само најголемите музички имиња на денешницата.

Македонската музика наиде на одличен прием кај американската публика, со долготрајни овации на крајот на концертот на камерниот оркестар, засилен со Бојаџиев и со Каролина Гочева.

 

 

– Целиот концерт беше на македонски, во среде Њујорк во „Карнеги хол“. И имав доста пријатели што не се Македонци, половина од публиката беше од Њујорк или од светот, но беа сериозно воодушевени, особено луѓе што воопшто не слушнале за македонска музика. Ова им беше како еден огромен душевен удар, бидејќи сите беа огреани кога излегоа и ми пријдоа по концертот – изјави композиторот и пијанист Бојаџиев, кој работи во Њујорк.

Како што споменавме, специјален гостин на концертот беше Каролина Гочева со која Дуке ја изведе “Зборови немам”, песната која за кратко време ја освои публиката и ја собори критиката.

 

 

– Ова беше навистина величествена изведба и концерт. Навистина сум искрено горда на сите македонски уметници, вклучувајќи ги, се разбира, и уметниците од Македонската филхармонија, на сето она што го претставија како врвна македонска култура и уметност. Горда сум на сите нивни успеси и тоа токму овде во најголемиот центар во „Карнеги хол“, го потврдија преку овој навистина голем настан и за нив и за Република Македонија – изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Како звучеа Каролина и Дуке во Њујорк, погледнете од видеото :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!