“Shelter” на Сања Вучиќ на Евровизија 2016та
Уште во своето деби како независна држава, Србија, а не Србија и Црна Гора како што настапуваше претходно, ја освоија победата со “Молитва“ и Марија Шерифовиќ. Од 2007 па наваму само во 2009 и 2013 не успеваат да се пласираат во финале. На 9 ноември минатата година РТС потврди дека ќе биде дел од Евровизија 2016. Годинава тие решија интерно да го одберат претставникот и официјално беше објавено на 5 март дека нивна претставничка е вокалот од групата ЗАА, Сања Вучиќ и дека ќе се претстави со песна на текстописецот и вокалот на бендот Негатив, Ивана Петерс.
Песната “Goodbye (Shelter)” говори за насилството врз жените. Снимена е и српска верзија на песната насловена “Иза озмеха“.
Има само 22 години а веќе толку успеси позади неа. Сања завршила основно и средно музичко училиште во Крушевац, насока оперско пеење. За време на нејзиното школување таа пеела во разни ансамбли, етно музички групи, џез оркестри и црковен хор. Во Април 2012 е формиран бендот ЗАА. Тие се карактеризираат со автентични музички жанрови кои претставуваат мешавина од различни стилови како ска музика и даб, до пост-рок, џез и панк.
Имале над 200 настапи досега ширум Балканот, а имат настапувано и во Австрија, Чешка и Унгарија. Како член на ЗАА, Вучиќ има еден албум насловен “What About” (2014). Моментално студира на Филолошкиот факултет во Белград, отсек Арапски јазици и литература.
Дани | ТВ Пакет