Елена се пласираше во осмиот круг од талент шоуто
И третата Македонка, Елена Бимбиловска, во последното издание на “Пинк ѕвездички” брилираше со својот спектакуларен настап. Елена ја изведе “Alive” од Сиа со што ги доби сите пет гласа од жирито и ги подигна на нозе.
– Немам зборови, енергијата сама излегуваше од тебе. Ги користеше сите оружја. Баш не’ уби. Не’ уби нас позитивно – беше коментарот на Хари Мата Хари, по што се надоврза Леонтина со пофални зборови за Бимбиловска. За Леонтина, нашата Елена го сфатила целиот концепт, иако има мала замерка околу делот пред рефренот.
Со нив се сложи и Гоца Тржан :
– Сјајна си, особено ми се допадна последниот дел од песната. Таму растури. Имаше сјајна енергија. Разбра за што се зборува во песната и тоа ни го пренесе. Е тоа е за десет – заклучи Гоца.
Во прилог, погледнете го настапот на Елена, а целата емисија од седмиот круг во понеделник на Сител, веднаш по “Црната роза”:
Дани | ТВ Пакет