“Ти си светско чудо” – жирито остана без зборови
Вистинско чудо се случи на сцената на Пинк вчеравечер во најновото издание на популарното шоу “Ѕвездички”. Имено, малиот Марко Бошњак ја испеа една од најтажните српски песни “Што те нема”, дело на српскиот поет Алекса Шантиќ. По само првите испеани ноти, жирито се подигна и му дадоа целосна поддршка.
Но со секој следен испеан стих, емоцијата во салата растеше и кулминираше со солзи на лицата на секој член од жирито. Јелена плачеше, Милан плачеше, Леонтина не можеше да се воздржи, Гоца беше во шок, родителите на Марко беа во неверување, публиката вриштеше и аплаудираше, водителките не можеа да кажат збор.
Како изгледаше овој неверојатен настап, кој е досега најемотивниот во “Пинк ѕвездички”, погледнете од следново видео :
Дани | ТВ Пакет