Текстот и музиката се со потпис на Момчило Бајагич Бајага, аранжманот е на Никша Братош, а режијата, како и за неколку претходни спотови така и сега, Чолич ја доверува на Александар Керекеш Кеки, чија замисла овој пат е емоциите од оваа летна песна да се доловат низ една романтична и заводлива филмска приказна.
Пред извесно време Здравко заедно со екипата на соработници престојуваше на една многу интересна локација во Црна Гора, скоро непрепознатлива дури ни за жителите на Црна Гора, каде што спотот е снимен во два дена, со скоро 30 часа снимање. Од Котор до Бар, преку Скадарско езеро, на 6 различни локации снимени се убавината и магијата на старите приморски улички и градби кои досега не се видени во музичките спотови.
“Се радувам и многу ми е драго што за мојот роденден ќе и подарам на публиката нова песна и спот. Во план е оваа есен да биде објавен 15тиот студиски албум, а ова е прва песна од новиот албум која ја претставувам, која ја работев со моите долгогодишни соработници. Текстот и музиката го пишуваше Бајага, а Никша Братош го направи аранжманот” – открива Чолич.
Глумицата Јелена Гаврилович ја има главната улога на “Мала”, како што и самата песна го носи името. Таа ќе ве понесе во една романтична приказна која ја дели со моделот Бојан Карас. Во заводлива игра, Јелена глуми млада филмска дива чие снимање на филм се одвива во едно приморско, рибарско место. Улогата на ладна и недостапна дива која вешто го лови погледот на младиот рибар, не криејќи ја заинтригираноста, ја прави оваа приказна многу интересна – ни открива режисерот Кеки.