Според хрватските медиуми, ова момче е вистинскиот наследник на Тоше Проески. Неговото име е Маријан Мониќ и по објавувањето на песната „Ако ти ме заволиш“ тој добива само позитивни критики. Нашиот Тоше отсекогаш му бил идол на овој 24-годишен хрватски пејач од Карловац.
Ние нема да се согласиме со тоа дека Маријан е наследник на Тоше, бидејќи човек како него се раѓа само еднаш, но секако ќе признаеме дека Мониќ има одличен глас и супер изгледа. Песната е прекрасна, ви препорачуваме да ја слушнете.
| ТВ Пакет