Македонија доби и евровизиски спот
Денеска беше објавен спотот за македонската претставничка песна на претстојната Евровизија, „Autumn Leaves“ (Лисја есенски) на Даниел Кајмакоски.
Музиката и текстот на англиската верзија на песната ги потпишува Швеѓанецот Јоаким Персон, додека за аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов.
Даниел ќе настапи на првата полуфинална вечер на 60. издание на популарниот музички фестивал на 19 мај. Големото финале е закажано за 23 мај.
Дани | ТВ Пакет