Последните случувања во куќата на Големиот брат ги шокираа гледачите ширум Балканот. Станарите почнаа секојдневно да ги кршат основните правила на однесување и нивниот понатамошен престој во истата е неизвесен.
Зорица и Мирјана повторно се скараа, но овој пат беа насилни. Зорица почна да ја плука Мирјана додека ја навредуваше со најпогрдни зборови на што оваа и враќаше со иста мера. Дали Големиот брат ќе ги дисквалификува овие две станарки гледаме вечерва во новиот преглед на денот на Сител телевизија.