Студентите кои од вчеравечер држат стражи на Скопскиот универзитет упаднаа и во емисијата на Јанко „Јади бурек“ што се емитува на Сител 3 телевизија. Еден од студентите се јави во емисијата како гледач од Капиштец.
– „Загрижен сум од ова што се случува на мојот факултет, дваесет студенти се собрале си играат окупација“, рече студентот. Во следниот момент се појавија стотина студенти зад него како изненадување и го поздравија водителот на свој начин.
Погледнете го видеото.