Антониа ја испеа “Suze za kraj” и доби громогласен аплауз
Антониа од Скопје со уште еден прекрасен настап во “Ѕвездичките на Пинк”. Во најновата емисија, таа ја отпеа “Suze za kraj” и повторно доби одлични коментари од сите во комисијата.
За Хари Мата Хари, нејзината изведба беше чиста десетка, најдобра, кажано кратко и јасно. Дека песната е скроена за неа потврди и специјалниот гостин на жирито, Марија Седар, ланската победничка, која го пофали пеењето на Антониа во високите и ниските тонови.
– Има неколку од вас, девојчиња, кои сте вистински колешки на Марија Седар. Тоа е тој тип на пејачки кои песните ги пејат со леснотија во гласот, сосема природно и кристално јасно ги пеете висините. Ти си меѓу првите три четири најдобри девојчиња во оваа сезона, талентот кој го имаш е нешто кое може само некој одозгора да ти го подари.
Емисијата во целост ќе ја гледате во понеделник во 21.30 на Сител, а пак вечерва во “Еден на еден”, гостинки на Жаре ќе му бидат нашите ученсички во шоуто и потенцијални победнички, Антониа и Мартија.
Дани | ТВ Пакет