Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Хард рок пејач ќе ја претставува Полска на Евросонг

Видео | Хард рок пејач ќе ја претставува Полска на Евросонг

 

Вака ќе звучи Полска во второто полуфинале на Евросонг

 

Дебито на Полска на Евровизија беше во 1994 година, кое всушност беше и нивниот најдобар пласман досега на Евровизија, второто место со прекрасната изведба на “To nie ja!” во изведба на Edyta Górniak која што и годинава повторно се обиде да ја претставува својата земја, но заврши на третото место на нивниот национален избор. За жал оттогаш па досега, Полска само еднаш успеала да се пласира во 10-те најдобри, и тоа во 2003 со “Keine Grenzen – Żadnych granic”. Од 2005 па до 2011, Полска само еднаш успеа да се пласира во финале, и тоа во 2008 година во Белград.

 

 

По низата неуспешни резултати одлучуваат да паузираат две години, 2012 и 2013 за да во 2014 се вратат со контроверзната изведба на Donatan and Cleo. Интересно е што и двата нивни претставници по кам-бекот се пласираат во финале и тоа избрани преку интерен избор. Полска на 10 октомври минатата година го потврди своето учество во Стокхолм и најавувајќи национален избор после две години интерна селекција. Krajowe Eliminacje беше нивниот избор кој се оддржа на 5 март во Варшава. Девет изведувачи ги исполнија своите нумери, а интересно беше што главниот фаворит, поради кој Полска беше два месеци на врвот во кладилниците, Margaret со песната “Cool Me Down” и можеби ќе ја донесеше Евровизија во Варшава заврши на второто место. Победникот беше избран целосно од гласовите на публиката.

 

Michał Szpak, 25 години е роден во Јасло, Полска и својата популарност во земјата ја доживува откако завршува на второто место во првата сезона на полскиот X Factor. Започнува со пеење уште од 9 години, и изјавува дека за разлика од неговите сестра, никогаш не посетувал часови по музика. Како средношколец е дел од бендот Whiplash свирејќи претежно хард-рок стил.

 

 

Вели дека влијанијата ги црпел од музичари како Дејвид Боуви, Мајкл Џексон, Квин, Мјуз, Мерлин Менсон, Пинк Флојд и други. По успехот во X Factor, Universal Music го издава првиот негов албум насловен XI. Минатата година издава и втор албум претежно со песни на полски јазик, Byle być sobą.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!