Почетна / ФОТО / Вики Неделковска во ПРЕД И ПОТОА

Вики Неделковска во ПРЕД И ПОТОА

 

Нашата нова кандидатка за трансформација е Вики Неделковска која има само 15 години.

 

 

Вики е спортски тип и затоа често ја гледаме во кежуал варијанта, таа речиси никогаш не користи шминка. На нашиот стилист Столе од Studio S му беше предизвик да и направи промена и да се види во комплетно ново руво, а со тоа и да ја зајакне својата самодоверба. Со цел трансформациите да останат забележани, повторно со нас беше нашиот фотограф Стефан Тренковски кој при самиот процес на Пред и Потоа фотографираше и ги доловуваше најубавите моменти. Во продолжение ги имате фотографиите, се надеваме дека ќе бидете задоволни од промената.

 

 

На косата е направена драстична промена во должината со што Вики доби многу помодерен изглед и посјајна коса, а за make up, Столе се одлучи да направи сенчање на очите со нијанси на зелена боја со што и нејзиното зелено око стана повпечатливо, а за издолжување на очите, нанесен е алајнер. За образите нашиот стилист користеше руменило со природна земјена нијанса, додека за бојата на карминот, се одлучи за природно кафена нијанса.

 

 

Екипата која работеше на проектот Пред и Потоа и се заблагодарува на Вики за одличната соработка, воедно ги повикуваме сите заинтересирани девојки кои сакаат да направат нешто ново во својот изглед, да се пријават или да договорат третман за разубавување во Studio S, таму ве очекува нашиот стилист Столе. Во продолжение ве оставаме да уживате со прекрасна македонска песна која и ја посветуваме на Вики.

 

 

 

 

Г.М. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И старото, и новото – две логоа осамнаа на екранот на Алфа

Покрај новото лого кое го користи Алфа по ребрендингот во 2019 година, некогаш во исечоци …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!