Популарниот латино актер со кубанско потекло, Вилијам Леви, неодамна со својата сексипилна колешка Анхелик Бојер сними реклама за чипсот „Sabrito“. Иако првобитно беше планирано рекламата да биде само за чипсот, ова видео исто така може да послужи и како промоција на автомобил. Актерскиот пар професионално си ја заврши работата, тоа може да се заклучи по „хемијата“ помеѓу нив двајца.
Инаку, за оние што не знаат, Анхелик Бојер е актерката која го толкуваше ликот на Вико во серијата „Бунтовници“ што се емитуваше на К-15 телевизија, а ја видовме и како Тереса во истоимената серија на Пинк 15. Во прилог е рекламата.
Крис Манев | ТВ Пакет