“Hajde vodi me” доби македонска верзија по 9 години
Владо Јаневски промовираше нов спот. Се работи за видео запис за песната “Ајде води ме”, која воедно е македонска верзија на неговата дуетска песна со Тијана, своевремен хит од 2007 година.
На најголемите фанови на чаирскиот романтичар не им е јасно зошто Владо Јаневски не изненади со нова песна, наместо да препејува стара песна.
Спотот за песната е снимен од страна на Томато продукција во 4К резолуција. Се снимал два дена на повеќе локации низ Скопје, а главна улога во него има младата студентка по медицина, Ана Коцева. Пејачот не се појавува во ниеден кадар, иако со будно око го следел снимањето на спотот.
Дани | ТВ Пакет