Покрај убавата Шехерезад, во „Карадај“ од утревечер ќе ја гледате и принцезата Изабела.
Турската актерка Мелике Ипек Јалова која зрачи со својата несекојдневна убавина за македонските телевизиските гледачи е позната по улогата на принцезата Изабела Фортуна во серијата „Величествениот“. Оваа актерка беше дел од актерската постава во втората сезона на историскиот спектакл, се шпекулираше дека ќе се појави и во третата сезона, но тоа не се случи.
Од утревечер на Сител телевизија започнува хитот на годината „Карадај“, а таму покрај другите познати актери ќе ја гледате и Мелике Ипек Јалова во улога на Ајтен, девојката со која е верен главниот машки лик во „Карадај“.
| ТВ Пакет