Во Македонија нема рeален пазар на конкуренција меѓу медиумите. Една од главните причини за ова е нерамномерната распределба на владините реклами, пренесува 24 Вести. Владата како еден од најголемите огласувачи во земјава концентрира голем дел од својот рекламен буџет само кај одредени медиуми, сметаат дел од експертите и сопственици на медиуми.
Според директорката на битолската телевизија Тера важни се неколку фактори, односно претпоставки кои можат да ја подобрат сликата на македонскиот медиумски пазар на конкурентност.
„Новата стратегија на Советот за радиодуфузија за развој на медиумскиот сектор во периодот од 2013-та до 2017-та година нуди поволности со кои ќе се подобри сликата и конкуретноста на медиумскиот пазар во Македонија“, вели претседателот на СРД Зоран Трајчевски. Тој смета дека стратегијата предвидува позитивни промени и за кабловските телевизии и оние кои имаат специфична содржина.
Во Македонија има голем број медиуми, а рекламниот колач е мал. Само рамноправна распределба на средствата може да овозможи одржување на медиумскиот плурализам во земјава и да ја обезбеди независноста на медиумите, сметаат експертите.
Ивана Таневска | ТВ Пакет