Денеска ќе биде завршена песната со којашто Есма и Лозано дефинитивно ќе не претставуваат на „Евровизија“. Песната се работи во студиото на Дарко Димитров, кој е автор заедно со Лазар Цветковски. Утрински весник открива дека Есма овој пат својот дел ќе го пее на ромски јазик.
“Делот на Есма е комплетно изменет, нов, повторно е мој и музика и текст, а аранжмански ќе го склопи Дарко Димитров. Оваа песна нема никаква врска со претходната. Комплетно е нова. Сега одиме повеќе на џипси-стил, нема толку етно- мотиви како што имаше во „Империја“, вели Атанасов за Утрински весник.
Песната за јавноста ќе биде промовирана утре.
Крис Манев | ТВ Пакет