Во скопската дискотека „Парадисо”, задутре од 22 часот, ќе се одржи официјалниот избор „Мис на Македонија за Мис на светот'”.
Лиценцата за овој избор од 1996 година ја има поранешната мис на Југославија, Лидија Велковска, а ја организира со својата агенција за сценскомузички манифестации „Проинтегра“ и со модната компанија „Интермодел“.
За титулата најубава Македонка ќе се борат 15 девојки. Една од нив ќе ја претставува Македонија на изборот на мис на светот, кој ќе се одржи во Џакарта, Индонезија, на 28 септември. Најубавата Македонка на 5 септември ќе замине за Бали, на подготовките за светскиот избор, а на 28 септември ќе стигне во Џакарта.
Девојките се избрани преку кастинг, кој се одржа завчера, во „Парадисо“.
| ТВ Пакет