Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ – нова вебновела ова лето

ВРЕЛА СТРАСТ – нова вебновела ова лето

Ова лето, доаѓа најврелата љубовна приказна која некогаш сте ја прочитале.

ВРЕЛА СТРАСТ

НАСКОРО

Петнаесет годишната девојка, Макарија Ромеро е сирак кој мора да го напушти училиштето за да работи и да се издржува. Наоѓа работа како слугинка во борделот на мадам Ривас, огорчена старица која гледа на девојките само како цел за правење на пари. Несвесна во каква куќа влегува, младата и наивна Макарија во борделот го запознава човекот во кого лудо се вљубува, Вадо Фалкон. Десет години постариот маж од неа, доаѓа во борделот за да се забавува со девојките на мадам Ривас. Макарија свесна дека човекот кој го љуби никогаш нема да ја погледне одлучува да стане проститутка со цел да помине само една ноќ со Вадо. Предадена на лудата страст, Макарија прави голем чекор кој турбулентно ќе и го промени животот засекогаш. Скоро по ноќта кога ја загуби невиноста, Макарија дознава дека чека дете од човекот на кој му се предаде за пари. Кога мадам Ривас ќе го извести Вадо дека една од нејзините девојки чека негово дете, Вадо е решен да го убие плодот на истата. Најмува локална врачарка која за голема сума пари ја породува младата Макарија и и го убива детето веднаш по раѓањето. Од тој миг, животот на Макарија се претвора во пелин и горчина. Со жед за одмазда за стореното, влегува во животот на Вадо Фалкон. Го запознава Мелчор Рентеира, чија ќерка Роса Клара е вереница на Вадо.

Макарија дознава дека Вадо сака да ја ожени убавата Роса Клара само поради нејзините пари бидејки татко и е сопственик на најголемиот рудник за злато во регионот. Макарија го известува Мелчор за намерите на Вадо, но кога Мелчор ќе реши да зборува со својата ќерка за тоа, Роса Клара му кажува дека чека дете од Вадо и дека ќе се венчаат за помалку од еден месец.

Гледајки ја својата среќна ќерка како стапува во брак со човекот кој тој го презира, Мелчор одлучува да премолчи.

Седум месеци подоцна, Роса Клара раѓа девојче, а Вадо ја убива својата сопруга веднаш по пораѓајот со цел да стане единствен наследник на рдуникот со злато. Правјеки му стапица на Мелчор, Вадо го обвинува таткото за убиството на својата ќерка. Но, пред да биде притворен, Мелчор решава да го казни Вадо на најсуров начин и ја грабнува неговата новородена ќерка. И ја предава на Макарија, која знае дека ќе ја чува и ќе се грижи за неговата внука како родена. Мелчор завршува во затвор, а Вадо станува новиот сопственик на рудникот за злато.

Дваесет години подоцна, Вадо сеуште ја бара одамна украдената ќерка, несвесен дека таа истата живее со Макарија, во семејниот пансион кој го држи. Јулиса која е копија на родената мајка, живее во несознание за своето минато.

По дваесет години робија за несторено злосторство, Мелчор излегува од затвор и ја бара Макарија со цел да ја запознае својата внука. Мелчор е крајно благодарен што Макарија ја израснала неговата внука во достоинствена и паметна млада жена, а Јулиса чувствува необјаснета симпатија кон старецот кој и се претставува како роден кум.

Но, деновите на слобода за Мелчор ќе бидат кратки.  Старецот го губи животот во една експлозија во рудникот, но пред смртната посетела и ја признава целата закопана вистина на Јулиса. Дознавајки дека нејзиниот биолошки татко е демон и убиец, Јулиса се колне пред својот дедо дека ќе ја одмазди смртта на својата мајка Роса Клара.

Со желба да ја исполни својата одмазда, Јулиса се вработува во рудникот на Вадо, каде што ги запознава браќата Тристан и Ектор. Во едниот се вљубува но во другиот наоѓа начин како да влезе во животот на својот татко кој не знае за нејзиното постоење. Растегната помеѓу љубовта и силната желба за одмазда, Јулиса прави драстичен чекор…

 

ПРОМО#1


 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!