Од денеска на Сител телевизија ќе се емитува најпопуларната тинејџерска серија „Ангели“. За неа се одредени два термина, и тоа 11:00 и 14:15 часот, како би била достапна за сите основци и средношколци. Приказната за тинејџерите што бараат мир во светот на сите им е добропозната, па нема да губиме време во повторно прераскажување. Останува да ја чекаме првата епизода од четвртата сезона во најавените термини. Време е за „Ангели“!
Крис Манев | ТВ Пакет