Актерката од Венецуела, Габи Еспино, денес го прославува првиот роденден на синот Николас, а на фановите им порача дека е подготвена да се врати во светот на теленовелите.
„Николас ми донесе многу убави работи во животот, но дојде време да и се посветам на работата. Во мај ме очекува снимање на нова теленовела“, открива Габи Еспино, која веќе има потпишано ексклузивен договор со Телемундо.
Габи е во среќна врска со Џенкарлос Канела, со кој го доби Николас, а од претходниот брак со Кристобал Ландер ја има ќерката Оријана. Гледачите во Македонија оваа актерка ја гледаа во сериите „Диабло“, „Свет на ѕверки“ и други.
Крис Манев | ТВ Пакет