Почетна / Сапуници / Габи Спаниќ повторно „Злобница“

Габи Спаниќ повторно „Злобница“

 

Манипулаторка, зла, страсна и преубава, нема кој не ја помни. Пред 15 години, таа ги крадеше воздишките на македонската публика, секоја вечер во 20 часот кога на телевизискиот екран ќе се чуеше La Usurpadora, Esperando por tu Amor… Тоа беше теленовелата на нејзиниот живот, Злобница, играјки ја наивната Паулина и злата Паола Брачо.

 

 

По Злобница, Габи имаше и други улоги, но никоја од тие не ја засенија онаа која и донесе светска слава. 

Откако три пати одигра близначки во светот на теленовелите, во „Никоја како тебе“, споменатата „Злобница“ и „Натрапничка“, Габи Спаниќ ја спрема новата теленовела „Жени од Песок“. Станува збор за мексиканска адаптација на популарната бразилска новела Mulheres de Areia. Овој пат, Габи ќе ги донесе во живот ликовите на добрата Рут и злобницата Ракел. 

Што мсилите, дали Габи ќе биде по втор пат успешна Злобница или не?

 Во меѓувреме, да се потсетиме на серијата која сите ја сакавме како мали.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!