Тешкотиите на латино-американската ѕвезда Габриела Спаниќ не престанаа ниту откако куќната помошничка, која се обиде да го отруе нејзиното семејство, заврши во затвор. Имено, актерката смета дека нејзиниот четиригодишен син сеуште ги трпи последиците од траумата.
Венецуелската актерка со хрватски корења Габриела Спаниќ пред не цели две години се најде среде скандал кога нејзината тогашна куќна помошничка Марија Селесте Фернандез се здоби со тужба дека го труе семејството на Спаниќ. Фернандез сега ја отслужува седумгодишната казна, а актерката тврди дека нејзиниот четиригодишен син Габриел Де Хесус сеуште живее со последиците од труењето. Се жалел на вртоглавица и болки во коските, не престанувал да плаче, што и предизвикува голема грижа на Габриела. Докторите сеуште се обидуваат да ја утврдат точната дијагноза.
Популарната актерка од сапунски серии во едно интервју неодамна изјави дека никогаш нема да може да и прости на оптужената за тоа што го сторила со нејзиното семејство.
Chris | ТВ Пакет