Градската Плажа „Парк“ која се наоѓа на кејот на Вардар веднаш зад дискотеките во градскиот парк во Скопје, од среда 04.06.2014 започна да работи со сосема нов концепт, но и со променет изглед. Затоа што веќе започнуваат и тропските горештини, Градската плажа може да биде место каде многу Скопјани ќе уживаат во музика и пониски ноќни температури.
Денска и ноќна шема, достапни цени за сечиј џеб, како и музика од сите жанрови е она што плажата ќе им го понуди на граѓаните. Во понеделник ќе се опупштите со реге музика, а саботата е резервирана за хаус музика. Во текот и на другите денови ќе има тематски вечери.
Од менаџерскиот тим на плажата велат дека планирано е еднаш месечно да се одржува по еден поголем настан со познати музички имиња од странство, а од понеделник до недела секојдневно се планирани различни тематски забави. Покрај тоа за сите рекреативци во паркот и на кејот на плажата постои место за продажба каде што ќе можат да се освежат и да одморат по рекреирањето.
Првиот од низата настани е GALACTIC SKOPJE FESTIVAL во соработка со БАСКЕРФЕСТ. Фестивалот ќе се одржи на 14 јуни, а ќе трае се до раните утрински часови со настапи на Egorythmia, Kox и DJANTRIX- GALACTIC EXPLORERS.
За уживањето да биде комплетно ќе се погрижи феноменалниот ув декор, како и голем број на акробати и жонглери. Влезот ќе биде слободен.
Дани Петковска | ТВ Пакет