Почетна / Телевизија / Х Фактор / Гласајте за Даниел Кајмакоски со пониски цени

Гласајте за Даниел Кајмакоски со пониски цени

 

Популарноста на Х-фактор вртоглаво расте и го освојува Балканот, интересот за гласање е огромен и поради тоа македонските мобилни мрежи ја намалија цената за една испратена СМС порака.

 

 

Почнувајќи од утрешното издание, цената за испраќање СМС порака преку која гледачите го поддржуваат својот фаворит, ќе изнесува 23,6 денари. Оние кои ќе гласаат од мрежите на Т-Мобиле, ВИП и ОНЕ, а со што ќе ги поддржуваат своите фаворити, од утре ќе може да испраќаат пораки со пониски цени. Освен од Македонија, се гласа и од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а од 28. јануари може да се гласа и од Хрватска и Словенија, со што се докажува дека популарноста на ова шоу од ден на ден станува се поголема.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!