Почетна / Живот / Глобална телевизиска премиера на филмот „На работ на изумирањето“

Глобална телевизиска премиера на филмот „На работ на изумирањето“

 

2 декември, 20 часот на Дискавери Канал

 

Discovery Communications го прикажуваат документарецот на оскаровецот Луи Сајхојос на ист ден во 220 земји и територии со досег од 2,7 милијарди луѓе, а се со цел поттикнување промени за спас на животот на Земјата.

Discovery Communications претставува историски телевизиски настан, глобалната премиера на филмот ,,На работ на изумирањето“ (Racing Extinction), закажана на 2 декември во 21 часот во 220 земји и територии каде се емитува. Прикажувањето ќе започне од Нов Зеланд и ќе продолжи преку сите временски зони и цела земјина топка.

 


 

Оскаровецот Луи Сајхојос, собира тим експерти со цел укажување на загрозеноста на животинските видови и нивна заштита од масовно изумирање. Патувајќи низ целиот свет успешно се инфилтрира во некои од најопасните црни пазари и со најсовремена технологија ја документира врската меѓу емисијата на јаглен диоксид и изумирањето на видовите.

Научниците предвидуваат дека човекот ќе предизвика губење на 50% од сите видови до крајот на векот. По петтото изумирање кое е означено со исчезнувањето на диносаурусите, тие веруваат дека сме навлезени во шестата ера на изумирање во историјата на Земјата. Нашата ера наречена Антропоцен или „доба на човекот“, покажува дека човекот предизвикал катаклизмички промени на околината и животинскиот свет, но од друга страна сме и единствените кои може да ги запреме промените кои сме ги создале.

„Овој проект го актуализира најважниот проблем со кој светот мора да се соочи, а тоа е губиток на биолошкиот диверзитет до епски размери. Верувам дека со помош на Discovery може да допреме до луѓето и да ги покренеме промените за да ја зачуваме планетата и видовите кои живеат на неа“-изјави режисерот Луи Сајхојос.

„Филмот треба да го погледнат сите луѓе на светот, затоа што ја покажува сериозната закана со која се соочува нашата убава сина планета. Уште поважно, покажува како сите заедно, ако тргнеме од една работа, можеме да ја оставиме планетата и поздрава од претходно“-изјави Џон Хофман, извршен потпретседател на документарната програма на Discovery Channel.

 


 

Никогаш не е прикажан филм како овој, филм кој ќе ве поттикне да се сочувствувате со нашата планета. Луи Сајхојос поткрена амбициозна мисија, за јасно да ни го стави во фокус човековото влијание врз изумирањето на видовите, истовремено инспирирајќи не да ги прифатиме решенијата кои ќе осигураат успешен и разновиден свет за идните генерации. Премиерата на филмот „На работ на изумирањето“ ќе го привлече вниманието на целиот свет и ќе покаже како човековото влијание ве води кон шестата доба на изумирање на Земјата. Во наредните 100 години, светот би можел да изгуби 50% од сите диви видови. Само во последните 100 години исчезнаа 90% од гепардите и дури 97% од популацијата на тигрите. Морски желки, леопарди, носорози и орангутани се некои од бројните видови чии денови се одброени ако не преземеме нешто. Овој интензивен документарен еко-трилер е снимен со тајни операции и со помош на врвна технологија открива илегално тргување со растителниот и животинскиот свет. Истовремено, животниот стил на човекот и индустрискиот свет кои го создадовме доведе до масовно изумирање. Моменталните нивоа на емисија на јаглен и киселоста на океаните не се соодветни за зачувување на биодиверзитетот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!