Женско лице синоќа по полноќ се фрлило од тераса од четврти кат во Тетово од станбена зграда лоцирана на ул. “Видое Смилевски – Бато“, пријавата стигнала од граѓанин во Полициската Станица Тетово.
Според исказот, девојката била без облека и веднаш по падот со возило на Брза помош било пренесено во Клиничкиот центар во Тетово. Од страна на полициски службеници излезено е на лице местото, каде е констатирано дека се работи за А.С (19) од Тетово , која поради каракатерот на повредите веднаш била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје. Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, Истражен судија и Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот. СВР-Тетово презема мерки за расчистување на случајот, јавува Курир.
Ивана Таневска | ТВ Пакет