Вчера од куќата на Големиот Брат итно беше префлена во болница Весна да Винчи, бидејќи и се слошило при што е задржана во болница. Весна според своите определби реши ништо да не јаде после влегувањето во куќата, а да ја „храни“ само минералот кој го носеше со себе. Но веројатно телото не издржало па итно е префлена на клиниките во Белград. Од продукцијата се уште не даваат одговор дали ќе се врати во куќата.
Во меѓувреме еве што се случуваше во куќата:
Маја Николиќ од Тајната соба прејде во куќата на Големиот Брат и веднаш го навлече гневот на себе. Прво почна да му се „упикува“ на Урош, што ја разлути Ава, а потоа успеа да се искара со сите станари, кои пак решија да ја игнорираат. Маја и се „нафрли“ и на Анета Наковска со зборовите: „Ти си баш проста со тие твои фолк песни“. Помеѓу Синди и Невена изби жестока кавга. Коренот на кавгата лежеше во тоа што пред неколку години Невена и го преземала дечкото на Синди. Драгутин побара од Големиот Брат да го пушти дома. Ава изведуваше стриптиз за станарите што многу го навреди Урош па настана голема кавга: „Да си ми ќерка јас би те убил“, и рече Урош. Големиот Брат организираше македонска вечер во куќата каде домаќинка беше Анета односно Велика Македонска. Прегледот на денот е вечерва на Сител по „Сеќавањата болат“.
ТВ Пакет