Почетна / Телевизија / Големиот брат / Големиот брат | Маја Николиќ е исфрлена од куќата

Големиот брат | Маја Николиќ е исфрлена од куќата

 

Во првото напнато полуфинално исфрлување, куќата на „Големиот брат“ ја напушти Маја Николиќ. Пејачката која во текот на престојот во куќата успеа да се скара буквално со секој од станарите, а со некои дури и да се смири, ја изгуби вечерашната борба од двете старлети Сораја Вучелиќ и Ава Карабатиќ, со кои постојано се расправаше.

 

 

Маја, во голем дел од престојот во куќата тврдеше дека се е против неа, имавме можност дури и да слушнеме дека Balkan Song Contest е наместен оти таа не победила, како и дека сите од продукцијата се вклучени против неа. Според нејзините тврдења, била предмет на физички напад.

 

 

Станарите кои останаа во куќата вечерва официјално стана полуфиналисти – номинации повеќе нема да има, од сега ќе се гласа за победникот, а веќе утревечер од куќата излегуваат двајца станари, додека во сабота ќе биде исфрлен уште еден. Во понеделник во 21 часот ќе се случи големото финале.

Што мислите, кој ќе победи?

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди упати Стефани до гласачите од Македонија?

  Стефани : Тие деца што ги тренираш, тие дебили кои гласаат за тебе   …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!