После синоќешното меѓусебно гласање за кој да биде номиниран за исфрлање, Урош, Маја и Славко добија најмногу гласови. Урош оваа вест најтешко ја поднесе, па за малку ќе се расплачеше во исповедалницата.
„Голем Брате, изненаден сум од ова што се случува посебно затоа што Славко ме номинираше. Криво ми е затоа што простата Венди која цело времо прави сплетки и е голема глупача ќе остане во куќата, а јас можам да си заминам. Криво ми е ако сево ова е заради Ава, ама јас сум искрен и се однесував другарски кон неа, мислам не знам зошто би било причина да ме исфрлат ако јас и објаснувам на малку повисок тон дека едноставно не ми одговара“, беше искрен Урош, па додаде: „Посакувам Ава и Жељко да се смуваат ќе бидат добар пар, искрено.“
На прашањето каков е неговиот однос со Ава Урош рече:
„Минимален, кога таа влегува во соба јас излегувам.“
За Сораја додаде дека имаат заеднички теми на муабет, а особено му се допаѓа тоа што Сораја сака мотори.
| ТВ Пакет