Почетна / Телевизија / Грција престанува со аналогното емитување

Грција престанува со аналогното емитување

Грција почнува со исклучување на аналогните предаватели во текот на оваа седмица. Првата фаза од исклучувањето на аналогниот сигнал и преминувањето исклучиво на дигитално емитување почнува на 20. јули со деактивацијата на главниот аналоген предавател во Атина на брдото Имитос. Околу 150.000 домаќинства за неполна недела ќе можат да гледаат исклучиво дигитална телевизија.

 

 

Меѓутоа, грчките национални мрежи ET1, NET и ET3 ќе продолжат да емитуваат аналогна програма уште неколку седмици, односно во текот на одржувањето на Олимписките игри во Лондон, а преминувањето на овие канали во дигитален формат е планирано за 17. август.

Дигиталното емитување во Грција започна во 2006. година во MPEG-2, а во оваа земја дигиталните земски ресивери во MPEG-4 формат можат да се набават по цена од 50 евра и повеќе.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!