Каде се и што прават близнаците од „Вдовицата на Бланко“?
Секој од вас кој што ја гледал култната теленовела „Вдовицата на Бланко“ пред 14 години на локалните низ Македонија, со Освалдо Риос и Марија Елена Доеринг, сигурно се сеќава на пргавите блзиначиња Фелипе и Дувал Бланко.
Матео и Сантијаго Рудас стекнаа огромна слава не само во родната Колумбија туку и и ширум светот. За жал, момците кои ги споија Алисија и Диего на крајот од серијата, по култната „Вдовица„ се појавија во уште само два проекта и се збогуваа од светот на теленовелите. Не воодушевени од светот на телевизијата, момците се вратиле на училиште а подоцна запишале и факултет. Сантијаго денес се занимава за музика и живее во Буенос Аирес, а Матео се занимава со пластична уметност и живее во родната Колумбија.
Во прилог потсетување на сцени од култната теленовела.
ЈоцКо | ТВ Пакет