Дали ја препознавте младата дама на фотографијата? Фарах Зејнеп Абдула, убавата Ајлин од серијата „Бурни времиња“, минатата година го сними својот прв филм наречен „Синот на лептирот“. Во филмот таа глуми заедно со Киванч Татлитуг и Мерт Фират, актери кои ви се познати од сериите „Езел“, „Ѓумуш“, „1001 ноќ“, „Капали Чаршија“ и „Љубов и одмазда“.
„Бурни времиња“ наскоро ќе продолжи со емитување на Сител телевизија, но со оглед на тоа како заврши третата сезона, за гледачите сеуште е неизвесно дали ликот на Ајлин и понатаму ќе биде дел од приказната.
Крис Манев | ТВ Пакет