Турската ѕвезда Сечкин Оздемир, познат по улогата на Илјас вo „Девојката со црвената марама” е исто така познат по неговиот вкус за убави жени. Тој беше поврзан со неколку колешки, иако по јавното раскинување соДемет Оздемир, ниедна врска не е потврдена.
Гласините велат дека Сечкин и Демет раскинале поради тоа што таа се вљубила во нејзиниот партнер на снимањето Џан Јаман. Уште во 2018 година Сечкин и Демет ги избришаа заедничките слики од своите профили на Инстаграм и исто така се отследија на оваа социјална мрежа.
„Не го изневерив Сечкин, се обидовме, но нашата врска не функционираше, бевме многу зафатени и не можевме да се гледаме.“ – изјави Демет по прекинот.
Сепак јасно е дека Секин бил многу повреден бидејќи, по раскинувањето, тој не објави фотографија на Инстаграм со нова љубов иако поминаа повеќе од 2 години.
Пред Демет, тој беше во врска со Дерја Шенсој и оваа љубов резултираше во живот под ист покрив. Сите очекуваа свадба, но Дарија никогаш не го доби статусот сопруга. Со текот на времето се почести беа кавгите на јавни места, а во 2016 година, тој изјави дека неговото срце повторно е слободно.
Наскоро се раширија гласини дека актерот пронашол нова љубов во својата партнерка во ТВ серијата „Доста е од еден здив“ Тувана Туркаи. Девојката ги загреа шпекулациите со заедничка фотографија на социјалните мрежи со опис: „Нов љубовник“, но се покажа дека тоа е шега. Медиумите подоцна му припишуваа и непостоечка афера со Нилај Дениз.
Сечкин е роден во Истанбул во 1981 година, во традиционално семејство и има 3 браќа и сестри. Сонот да стане актер се појавил во ранотото детство, но родителите сакале тој да има посериозна професија. Затоа младиот човек студирал право. Но, желбата за сцената преовладала; наскоро Сечкин влегол во Центарот за уметности Мугат, каде што добил стручно театарско образование.
На новинарско прашање што би сакал да биде кога не би бил не актер, младиот човек одговара „без сомнение – фудбалер.“ Тој признава дека е љубител на фудбалот, а покажал и добри резултати во детството.
Нашата публика го познава и госака Сечкин како Илјас во серијата „Девојката со црвена марама“ што се емитува на каналот Dizi и викендов добивате маратон со почеток од 17.55 часот. Убавата Асије со бунтовнички дух, во едно мало гратче, се среќава со згодниот Илјас, кога тој има несреќа на мотокрос патеката. Нивната љубов на прв поглед брзо расте, но носи и свои проблеми.
Дали ова ќе биде љубов за цел живот? Дознајте! Побарајте го каналот Dizi на вашиот оператор.