Пред неколку дена еден македонски портал објави невистинита информација, односно го обвини Даниел Кајмакоски дека не сакал да се појави не прес-конференцијата пред македонските новинари, веста за кратко беше демантирана од продукцијата со која што Кајмакоски има потпишано договор, а сега и во интервју за порталот Телеграф.мк пејачот објаснува што правел во текот на својот престој во Македонија и открива дали бил поканет на таа прес-конференција.
– „Сакам да кажам дека нема никаква мистерија поврзана со моето доаѓање на споменатата прес-конференција. Ситуацијата е многу едноставна. Во Македонија дојдов со огромно задоволство за да ја примам престижната награда на Златна бубамара на популарноста. Во Скопје дојдов со друштво на претставниците на МБК продукција, која е сопственик на лиценцата Х Фактор, бидејќи и ова популарно шоу, поради огромната гледаност, доби награда на споменатата манифестација“, вели Даниел за Телеграф и дополнува дека во неговиот распоред оваа прес-конференција ја немало.
– „Прес-конференцијата за концертот на Кики Лесендриќ не беше официјално во нашиот распоред, кој да напоменам, исклучиво го раководеше продукцијата на Х Фактор. За да не ме сфатат погрешно, ниту продукцијата, ниту јас, немав ништо против да им се придружам на Кики и на Тамара Милановиќ доколку тоа ми го дозволеа претходно закажаните обврски. Но, поради тоа што организаторот на концертот на Кики не ја контактирал прес-службата на МБК продукција, таа прес-конференција не беше во нашиот официјален распоред, поради други закажани интервјуа и обврски. Едноставно физички не можев да присуствувам на конференцијата. Секако, Кики беше известен дека, за жал, јас нема да можам да стигнам.“, заклучува тој.
Целото интервју прочитајте го тука.
| ТВ Пакет