Почетна / Забава / Дани Димитровска во документарен филм

Дани Димитровска во документарен филм

 

Партнерство за промени – Дани и „Y-Peer“ Амбасадорите во документарен филм

 

 

Во Каиро започна снимањето на документарецот „Partnership for change“, каде Дани Димитровска престојува веќе извесно време. Дани, Sammy Sheikh (актер/Египет), Koray Candemir (пејач/Турција), Garby’s (бенд/Тунис), Si Lemhaf (бенд/Тунис) и Ramy (ди-џеј/Каиро) се „Y-Peer“ Амбасадори, луѓе кои се залагаат за човековите права, за правата на децата, за подигнување на свеста за раната тинејџерска бременост, за превенција и заштита од ХИВ, за правото на избор, за слободата на говор.

 

 

Во фокусот на документарецот се нивните долгогодишни заложби, сфаќања, мотиви и инспирација. Покрај овој документарец кој е високо буџетен и со големи амбиции, Дани е „senior trainer“ и во моментов држи тренинзи на новите пејачи од арапскиот регион кој се приклучуваат

на „Y-Peer“ мрежата, како поддржувачи и верувачи кои делат ист сон. Промени!

Дани од Каиро се враќа кон крајот на овој месец, за да веднаш започне со снимањето на синглот кој ќе го најави албумот што следува.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!