Почетна / Сапуници / Дебелата Валентина репризно на сите локалните

Дебелата Валентина репризно на сите локалните

 

Од минатата среда на сите локални/регионални телевизии низ земјава се емитува теленовелата “Мојата слатка дебела Валентина”. Серијата премиерно се прикажуваше во Македонија пред 10 години, а сега правата за нејзино емитување се откупени повторно од сите локални телевизии. Во Скопје, серијата се емитува на АТВ (бивша Амазон) секој работен ден во 21 часот. Новост за оваа телевизија е што прв пат од почетокот на своето постоење, почна да прикажува серии и филмови. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на приказната за слатката и дебела наследничка, Валентина.

Содржина:
Ова е една неверојатна приказна за една слатка и добра девојка, Валентина Вилануева Ланс, која нема физичка убавина, но има се’ што еден човек треба да има, а тоа е добрина, скромност, хуманост, љубов кон сите. За да ја исполни душевната празнина, таа лакомо јади слатки и бомбони, од кои телото добива чудесни размери. Валентина е дебела, но тоа не и пречи да се сака и да се чувствува таква каква што е. Колеџот го завршува со одличен успех и ги поминува деновите во пансионот во Андите, каде од 8-годишна возраст била испратена од Олимпија Меркури, сопругата на нејзиниот чичко Хуан Анхел Виљануева. Всушност Олимпија сакајќи да го зашитит девојчето од својата мајка, бидејќи таа била зависник од алкохол, сакала да ја испрати. По смртта на својата мајка, Валентина се враќа назад во Венецуела, во домот на нејзините чичко и стрина. Таму таа ќе сретне и љубов, и омраза. Љубовта и го осветлува срцето кога го гледа повторно Орест Меркури, синот на Олимпија, кого таа го смета за свој братучед. Омразата постепено ќе и го полни срцето кога ќе дознае дека таа не е сакана во семејството, и дека нејзините родители биле на најлош можен начин лишани од семејното наследство. Во куќата, Валентина почнува да ги открива семејните тајни кои ја приближуваат до вистината за смртта на нејзиниот татко и мајка. Таа сфаќа дека Олимпија е најголемиот виновник за сите несреќи и решава да се одмазди. 

Улоги: Natalia Streignard, Juan Pablo Raba, Emma Rabbe, Hilda Abrahams, Norkys Batista

 

Даниела П.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!