Фериха и Емир на Алфа телевизија во 18:15 часот
Од четврток (29 јануари), дел од програмата на Алфа телевизија ќе стане и турската серија “Девојката со име Фериха” која ќе се емитува од понеделник до петок во 18:15 часот. “Фериха” е уште една љубовна турска теленовела која ги популаризираше младите актери Хазал Каја и Чагатај Улисој кои настапуваат во улогите на Фериха и Емир. Поради големиот успех на серијата, таа доживеа и продолжение наречено “Патот на Емир” но продолжението не беше прифатено од публиката и доживеа само неколку епизоди. Глумицата која ја толкува Фериха ни е позната како Нихал од “Притаени страсти”, а глумецот кој го толкува Емир по оваа улога стана најпосакуван турски глумец меѓу девојките низ целиот свет. Серијата доживеа голем успех во Турција, во арапскиот свет, Бугарија, Хрватска и Босна, а најголема гледаност имаше во Пакистан каде важи за најгледана турска серија.
Содржина:
Фериха Јилмаз е млада и убава девојка, порасната во сиромашна фамилија заедно со нејзините родители и братот. Нејзиниот татко Риза работи како домар во едно богато инстанбулско предградие, а нејзината мајка Зехра како чистачка, па така семејството добива мало станче во тоа предградие. Живеејќи во тој подрум, Фериха сонува еден ден да има скап мобилен, скап автомобил, да патува низ светот како што прават богатите околу неа. Нејзиниот живот се менува кога добива стипендија за да студира на приватен универзитет. На факултетот сите мислат дека Фериха потекнува од богато семејство затоа што живее во богато предградие и носи скапа облека, а всушност таа носи алишта од богатите соседи. Кога нејзиниот татко доаѓа на факултетот за да и донесе нешто, Фериха се засрамува и ги лаже новите соученици дека тоа е стражарот кој работи за нејзиното семејство.
Една лага повлекува и друга и така заслепена од дијамантите, постојано запаѓа во лаги за да го скрие своето вистинско потекло пред другите богаташи. Фериха само сака да го победи проклетството дека е родена сама, дека живее осамена и дека ќе умре сама. Ја има само љубовта и пријателството во замена за илузијата дека му припаѓа на свет што ги отфрла сиромашните девојки. Во новиот свет, Фериха го запознава згодниот богат плејбој Емир и започнува врска со него. Но она што тој не го знае е дека Фериха е сиромашна девојка и дека цело време го лаже. Љубовта на Фериха и Емир ќе биде доведена во прашање кога Емир ја открива тајната на девојката со име Фериха.
Улоги: Hazal Kaya (Фериха), Çağatay Ulusoy (Емир), Vahide Gördüm (Зехра), Metin Çekmez (Риза)
Дани | ТВ Пакет