Почетна / Сапуници / Демир со бркови во втората сезона од „Аси“

Демир со бркови во втората сезона од „Аси“

 

Од понеделник на Сител телевизија започнува новата сезона од мегахитот „Аси“, а во неа главниот машки лик Демир со нов стил! Имено, во периодот на снимањето на серијата актерот Мурат Јилдирим беше ангажиран и за снимањето на филмот „Болки на есента“ кадешто исто така ја доби главната машка улога. За потребите на таа улога Мурат мораше да пушти бркови, бидејќи дејствието на филмот е сместено во минатото и неговиот лик бил замислен со поинаков стил од оној кој претходно го негуваше Мурат. Поради оваа улога актерот краток период ќе мора да отсуствува од сетот на „Аси“, но тоа во серијата ќе биде претставено како Демир да имал обврска да отпатува некаде. Секако, тој повторно ќе се врати кај својата Аси.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!