Почетна / Сапуници / Дефне, саканата на вљубениот ерген, станува вампирка

Дефне, саканата на вљубениот ерген, станува вампирка

Една од најпознатите и најпопуларните турски актерки, Elçin Sangu, нам позната како Дефне, саканата на Омер, од серијата „Вљубениот ерген“, оваа есен со нова улога – вампирка.

“Yaşamayanlar” (Безживотни) е првата турска „вампирска“ серија која оваа есен ќе се прикажува на интернет платформата BluTV.  Во главните улоги освен Elçin Sangu (Дефне) се и Kerem Bürsin, Birkan Sokullu (Kерим од Животот не е песна) и Selma Ergeç(Дефне од Аси, Хатиџе султан). Режијата е доверена на Alphan Eşeli, а сценариото на Şamil Yılmaz. Продуценти се Bubi Film, Ran Film, Braveborn и İstanbul ‘74. Почетокот се очекува на 6 септември – четврток.

Миа (Elçin Sangu), млад вампир со своите 164 години, доаѓа во Истанбул со менторката Кармен (Selma Ergeç) со чија помош планира да го пронајде Димитри (Kerem Bürsin), вампирот кој ја претворил во вампир и да го убие, така што повторно ќе стане човек. Меѓутоа Димитри е еден од најмоќните вампири и да се убие нема да биде воопшто лесна работа. На нив двете во тој поход ќе им се придружи и вампирот Нумел (Birkan Sokullu)  кој го оставил своето мрачно минато зад себе.

Работите ќе се искомплицираат кога границата која ги раздвојува страста и омразата, животот и бесмртноста, доброто и злото ќе стане нејасна. Се ова ќе доведе до голем конфликт помеѓу вампирите и луѓето. Најголемото искушение за Миа ќе биде да открие кој навистина се бори на нејзината страна, а кој не.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!