Почетна / Живот / Дождот ги врати спомените од хуманоста на Тоше

Дождот ги врати спомените од хуманоста на Тоше

Оваа дождлива вечер за нас можеби не значи ништо, но за Рафит Хасани, скопскиот продавач на весници, дождот го врати неговиот најдрагоцен спомен, го потсети на средбата со Ангелот…

 

 

Имено, Хасани продавал примероци од весникот “Дневник” кога на Булевар Партизански Одреди ја имал својата прва средба со Тоше Проески, објавува порталот Estradaplus.

“Многу врнеше, на семафорите застана еден автомобил и јас приметив дека е Тоше Проески. Ме праша колку ми е заработката за една вечер, а јас му одговорив дека е околу 150 денари. Извади од џебот 500 денари, ми ги даде и ми рече – ТЕ МОЛАМ ОДИ ВЕЧЕРВА ДОМА НЕ МОЖАМ ДА ТЕ ГЛЕДАМ КАКО КИСНЕШ, од тогаш често проаѓаше и ми носеше чај во термос”, се сеќава Хасани.

Зар е потребен дополнителен коментар за ова ангелско дело? Неговата хуманост не познаваше граници!

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!