Адам Лабунски се пласираше во шестиот круг на Пинковите ѕвезди
Македонскиот учесник во “Пинк ѕвезди” во најновото издание на шоуто повторно ги разнежни срцата на жири комисијата и си обезбеди директен пласман во следниот круг на шоуто.
Од настапот на нашиот Лабунски посебно се воодушеви фолк ѕвездата Цеца, која смета дека нашиот учесник е веќе ѕвезда, имајќи ги во предвид реакциите на жените во публиката.
Долгокосиот Македонец ја отпеа песната на Адил – “Маскенбал”, а коментарите на жирито и заедно со целата емисија ќе може да ги погледнете следната сабота (26 март) во 21 часот на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет