Почетна / Забава / Евровизија / Дуото Џо и Џејк ќе пејат за Велика Британија на Евровизија

Дуото Џо и Џејк ќе пејат за Велика Британија на Евровизија

 

Joe and Jake – You’re not alone (Велика Британија)

 

Велика Британија на Евровизија има освоено дури пет победи (1967, 1969, 1976, 1981 и 1997 година). Интересно е што таа го бележи рекордот на најмногу втори места, дури петнаесет. Откако во 1999 година беше одлучено дека не мора да се изведуваат песните на својот официјален јазик, Велика Британија бележи послаби резултати и тоа само две топ 10 места, во 2002 и 2009 година.

 

 

BBC го потврди своето присуство во Стокхолм на 9 септември минатата година. Од 2011 па до 2015 година тие својот претставник го одбираа преу интерна селекција, а годинава решија повторно да му се вратат на националниот избор со неколку изведувачи. Eurovision: You Decide беше оддржано на 26 февруари во 02 Арената во Лондон. Победникот беше целосно одбран преку гласовите на публиката, а националното финале беше гледано од близу 700,000 гледачи.

 

Британското дуо Joe and Jake е составено од Joe Woolford и Jake Shakeshaft. Тие прв пат се запознале за време на четвртата сезона на британското The Voice. И двајцата помина во првата фаза на шоуто, а потоа и во фазата каде што се бореле во дуели каде што и двајцата победиле, но и двајцата успеале да стигнат само до втората емисија во живо а потоа одлучуват да го создадат дуото.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!