Се прашувате дали е можно обично дете толку да исплаши возрасни мажи што едниот поднесува отказ, а остатокот од екипата одбива да работи на градилиштето? Одговорот лежи во тоа што девојчето е мртво веќе 100 години!
До јануари оваа година, старата викторијанска куќа во Арлингтон, САД, беше непуштен дом околу кој кружеше само духот на несреќната девојка закопана пред 99 години.
Се работи за Маргрет Фебри, а нејзината присутност не е никаква тајна за мештаните. Со текот на годините таа преобратила многу скептици кои не веруваат во духови, а тоа се случило и со работникот кој ја видел кога неговите колеги градежници ја урнале куќата и почнале да градат нов објект.
Според зборовите на работникот, тој го видел девојчето како седи на тремот, но исчезнало за многу кратко време. Покрај целата морбидна атмосфера која владеела на градилиштето, овој момент ја прелил чашата па затоа работникот уште во истиот момент ги оставил своите работи и поднел оставка.
Во чест на девојчето, а можеби и од чист страв, работата е паузирана на денот на одбележувањето на 99-годишнината од нејзината смрт. Дали ова ќе го смири духот чиј дом е тукушто урнат допрва ќе видиме. Репортажата од теренот следува во продолжение:
Chris | ТВ Пакет