Во скопското кафуле Излет денеска беше промовиран хуманитарниот Твитер календар за 2014 година, чија цел е да се испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.
Сакајќи да им се помогне на маргинализираните заедници во општеството, 25 храбри, паметни и убави Твитер мажи и жени се разголеа пред објективот на фотографката Ивана Батев. Истовремено беше одржана и продажна изложба на фотографиите кои се наоѓаат на календарот, a собраните средства ќе бидат наменети за помош на членовите од маргинализираните заедници.
Првото издание на Твитер календарот се случи лани, кога 12 твитерџики од Македонија заедно со двајца професионални фотографи го креираа календарот за да ја подигнат свеста за ракот на дојката. Во прилог се прекрасните фотографии кои го красат календарот.
{gallery}122013/kalendar{/gallery}
| ТВ Пакет