Уште само една седмица до Еко Грин Фестивал Маврово
Тридневниот фестивал ECO GREEN FESTIVAL MAVROVO ќе се одржи од 16-ти до 18-ти август на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово.
Уште само една седмица до Еко Грин Фестивал Маврово
Тридневниот фестивал ECO GREEN FESTIVAL MAVROVO ќе се одржи од 16-ти до 18-ти август на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово.
Претстојниот фестивал „Еко зелен викенд – Маврово“ започнува за неполна седмица. Програмата на фестивалот е разновидна, од егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing па се до разновидна богата музичка програма започнувајќи од попладневните па се до утринските часови.
Последниот ден на фестивалот е предвиден како чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет. За посетителите на фестивалот организаторот обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување.
Фестивалот е со бесплатен карактер, со исклучок на саботната вечер за која што цената на билетите изнесува 300 денари и истите може да се купат преку продажната мрежа на мк тикетс како и во салоните на ОНЕ ширум републиката.
Официјална програма на Еко зелен викенд Маврово
Петок, 16.08.2013
Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај
13.00 Прес Кoнференција
14.00-16.00 Пристигнување на учесниците.
13.00-18.00 Поставување камп на местото познато како “Камп” за учесниците кои сакаат да бидат сместени во шатори.
16.00-18.00 Запознавање со содржините, презентации на програмата, отворање на штандовите за ракотворби, сувенири домашни производи. Локација с. Маврово игралиште
18.00-21.00 Концерт на локални бендови, музичари и културно уметнички друштва од Маврово и Ростуше.
20.00 Изложба на стари фотографии од Мавровско рекaнаскиот регион
21.00-23.00 Концерт на мегапопуларните македонски бендови Леб и сол и Летечки пекинезери
23.00-02.00 Настап на мегапопуларните хип хоп звезди Гоце Саф и ЛД Пистолеро (Live + DJ SET)
Сабота, 17.08.2013
Презентација и продажна дегустација на традиционално приготвенити пити и млечни производи од Mавровско – Реканскиот крај
07.00 Заминување на планинарска тура Маврово – Меденица – Маврово, турата трае 6 часа (само за физички подготвените)
09.00-11.00 Презентација и пробно возење на “Mountain bike” слалом возење. Локација, долен дел на ски патеката под жичарниците
10.00-12.00 Презентација на изработка на вештачки мамки (мушици) и техники на мушичарење (Fly Fishing). Локација, Мавровско Eзеро под игралиштето во с. Маврово
11.00-12.00 Презентација на планинарска опрема
12.00-14.00 Натпревар во прецизно слетување на параглајдеристи, падобрански скокови. Локација, игралиште с. Маврово
12.00-14.00 Натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, натпревар за деца под 7 години во умешно возење велосипед
15.00-17.00 Музички настапи на зурли и тапани, гајдаџии и кавалџии. Локација, игралиште с. Маврово
16.00-19.00 Натпревар во лов на ситна риба на пливка. Локација, Мавровско Eзеро кај потопената црква
17.00-19.30 Диџеи, настапи на детска музика
19.00-20.00 Прогласување на победниците од сите активности со натпреварувачки карактер
20.00 Oтворање на изложба на авторски мозаици на Проф. Мр. Адем Сулејманоски од Ростуше
19.30-20.00 Презентација на развојните перспективи на Општина Маврово Ростуше
20.00-21.30 Настап на “Conquering Lion”- Reggae Bend
21.30-23.30 Настап на групата “Shine”
23.30-01.30 DJ SET на најпознатите Антена 5 Диџеи, DJ Nikifor, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Macki, настапи на Robotek, Ilina, Ogi surla, Aliber-Тетово.
01.30-05.00 Концерт на DJ VALENTINO KANZYANI И DJ Sabb (за овој настан се потребни посебни влезници).
Недела, 18.08.2013
05.00 Искачување на Кораб (за заинтересираните)
08.00-12.00 Кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското Езеро
10.00-11.00 Презентација на проекти на цивилното општество за развојот на Мавровско Реканскиот регион и презентација на развојните програми на Oпштината
11.00-13.00 Дебата на тема – Развојните перспективи на Маврово, пливање помеѓу желбите, можностите и потребите
12.00-14.00 Егзибициониен натпревар во скијање на вода
14.00-16.00 Приготвување и дегустација на рибја чорба и планински грав
16.00-17.00 Обраќања до гостите и учесниците со желба за вклучување нивни идеи за следното издание на фестивалот
17.00-18.00 Дарко супер звезда
18.00-19.00 Традиционална македонста музика со зурли, тапани, кавали, како и настап на играорни групи
19.00-20.30 Настап на познатата македонста етно група “Calgia sound sistem“
20.30-22.30 Настапи на Дани Димитровска и План Г
22.30-04.00 Настапи на Томи Бојаџи, Igor Iox, DJ Zomax, DJ Brane trance, DJ Johan trance, DJ Koks trance.
Понеделник, 19.08.2013
08.00 Чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет
| ТВ Пакет