Турскиот актер Кенан Имирзалиоглу пред една недела беше уапсен поради посед на дрога, но популарниот Езел тврди дека од дилерот не купувал кокаин, туку кикирики. Кенан на полицајците во станицата им рекол дека никогаш не користел дрога, а од својот единствен порок, цигарите, веќе одамна се ослободил. Иако кај него се најдени кесички со сомнителен прав, тој тврди дека не конзумирал наркотици и оти од локалниот дилер Ерај купувал само „грицки“.
„Од Ерај купував суви кајсии, ореви, кикирики, семки и слични грицки. Всушност, само се слушнавме по телефон, а во автомобилот сеуште имам две од тие кесички со кикирики“, изјавил Кенан. Тој сеуште е во притвор.
| ТВ Пакет