Во јавноста излезе снимка од бесниот испад на актерот Мел Гибсон. Снимката ја објави сценаристот Џо Естерхас, кој во соработка со актерот го напиша сценариото за филмот “The Maccabees”.
Снимката на која Мел Гибсон лудува и вика на цел глас е снимена во неговиот дом на Костарика во декември минатата година. Џо бил на гости кај Гибсон токму во моментот кога актерот експлодирал, а сценаристот тврди дека Мел зборувал за тоа како сака да ја убие Оксана Григориева, за неговата омраза кон Евреите, а открил и оти бил среќен кога го убиле Џон Ленон.
Испадот е снимен од Ник, синот на Џо, а снимката започнува така што Гибсон својот бес го истура врз Џо за сценариото на кое тогаш работеле. Веднаш после тоа својата лутина ја насочува кон Оксана. Бесно го споменува нејзиното име и ја навредува.
Инаку, сценаристот Џо Естерхас минатиот викенд го тужеше Мел Гибсон дека поради омразата кон Евреите се откажал од снимањето на филмот “The Maccabees”, за кој му го напишал сценариото.
Chris | ТВ Пакет