Во пресрет на големиот предновогодишен концерт на Цеца што ќе се одржи на 27.12 oваа сабота во арената Борис Трајковски го пренесуваме ексклузивното интервју со балканската кралица на музиката преку кое ќе дознаете како да се подготвува за спектаклот.
1. Скопје и Борис Трајковски не ти се непознати, среќна ли си што повторно доаѓаш таму каде што луѓето не зборуваат на српски јазик, но ги пеат сите твои песни?
– Многу сум среќна што повторно доаѓам во Скопје и што ќе настапам пред најдобрата публика на светот. Од почетокот на мојата кариера, а тоа беше многу одамна, често сум гостин во Македонија и секој пат сум пречекана на најдобар можен начин! Искрено се радувам… и очекувам дека Арената Борис Трајковски ќе биде исполнета до последното место. Ветувам спектакл!
2. Дали овој концерт е повик кој не се одбива?
– Тоа е и називот на турнејата… ПОЗИВ!!! ПОЗИВ КОЈИ СЕ НЕ ОДБИЈА!!! Би сакала и моите драги Македонци да дојдат во што поголем број и да сфатат дека тоа е стварно ПОВИК КОЈ НЕ СЕ ОДБИВА!!!
3. Светските ѕвезди доаѓаат со рајдер-листа, како изгледа твојата, дали на неа стои македонската ракија, вино или ајвар?
– Концертот се падна во време на Божиќниот пост… Јас сум посветен верник и овој пат нема да можам да ги пробам македонските специјалитети кои ме воодушевуваат. Ќе има и други прилики… искрено се надевам!
4. Доаѓаш само неколку дена пред Нова Година, што ќе им посакаш на Македонците па и на сите останати за Новата 2015?
– Како и на себе… здравје за нив и нивните семејства и посакувам новата годсина да им биде исполнета со позитивни моменти!
5. Како Цеца ќе ја прослави Новата Година?
– Посакувам тоа да биде во кругот на семејството, но поради работата… и оваа, како и минатата година, тоа ќе биде работно. Оваа година во BELEXPO CENTAR Hotel Holiday Inn се подготвува величествен пречек на Новата Година. Овој пат би сакала да ги повиакм и моите драги пријатели од Скопје и Македонија да ни се придружат за спектакуларно и заедно да ја дочекаме новата 2015. година.
6. Српските медиуми баш обожуваат да пишуваат за Вељко и Анастасија. Дали ти смета тоа или веќе се навикна?
– Тие се деца. Медиумите се занимаваат со нив како што се занимаваат. Некогаш сум задоволна, а понекогаш знаат да ме вознемират. Се навикнав…
7. Што ќе им поклониш на децата за Нова Година или Божиќ?
– Сеуште не сум одлучила.. но во секој случај ви сакала тоа да биде изненадување. А ако ви кажам вас тогаш тоа не е веќе тајна. 8. А што ќе си посакаш себеси? – Малку одмор!
9. Како изгледа твојот ден пред концерт, дали си нервозна или си сосема опуштена затоа што знаеш што правиш?
– Нервозна не сум… но позитивна трема секогаш постои. Вообичаени подготовки, шминкање, проба на гардероба, лесна храна.
10. Која беше твоја песна оваа 2014. година, која највеќе ја нарашуваше во кафана?
– Немав можност оваа година да нарачам музика во кафана. Можеби следната година.