Почетна / Телевизија / Елена Ристеска во “Твоето лице звучи познато”

Елена Ристеска во “Твоето лице звучи познато”

Елена Ристеска, македонски учесник во српско шоу

 

 

Српските медиуми и Прва телевизија веќе ги објавија учесниците на втората сезона од српското шоу “Твоето лице звучи познато” која се очекува да започне за еден месец. Во новата сезона, ќе биде вклучен и еден македонски претставник покрај српските ѕвезди.

Дел од учесниците од ова шоу ќе бидат пејачот Звонко Пантровиќ – Чипи, глумецот Иван Јетковиќ, глумиците Јелена Гавриловиќ и Катарина Богичевиќ, пејачките Тања Савиќ и Неда Украден, пејачите Бане Моичевиќ и Драган Којиќ Кеба, како и Ненад Окановиќ, познат како син Драган од популарни српски серии. Меѓу овие имиња се споменува и името на Елена Ристеска. Елена Ристеска е позната за српската јавност по нејзиното успешно учество на Евровизија 2006 каде со провокативниот настап остана запаметена кај многумина.

Ова шоу е српска верзија на оригиналното Your face sounds familiar, каде познати личности имитираат познати балкански и светски пејачки имиња, а нивните настапи оваа сезона ќе ги оценуваат Бранко Ѓуриѓ – Ѓура, Марија Михајловиќ, Иван Ивановиќ, а четвртиот член на жири комисијата ќе се менува од емисија во емисија. Во ова шоу нема елиминации, туку поените се собираат се до полуфиналните емисии. Победник на првата сезона е пејачката Ана Кокиќ.

 

 

12-те емисии на новата сезона на ова српско шоу кај нас ќе ги емитува Сител телевизија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!